Едномесечната сапуницата околу Димитри Пајет заврши, откако Олимпик Марсеј плати 25 милиони фунти колку што бараше Вест Хем за неговите услуги.


Фудбалерот за врска одби да тренира и да игра за „чеканите“, а клубот го суспендираше и го префрли во Б тимот.

Како причина за незадоволството францускиот репрезентативец ги наведе климата и лошите временски услови, а не резултатите и пласманот на табелата на клубот.


Пајет минатата година потпиша нов договор со кој стана најплатен играч во историјата на Вест Хем, но кратко траеше љубовта.

Францускиот репрезентативец е второ засилување за Олимпик Марсеј, откако екипата се засили со Патрис Евра од тимот на Јувентус.

OhridNews