Македонскиот ракометен првак Металург претпре пораз од 26-21 од Загреб и е елиминиран во осминафиналето од Лигата на Шампиони.

Избраниците на Лино Червар одиграа еден рамноправен меч, кој го одлучи судиската двојка од Шпанија. Во моментите кога се “кршеше“ резултатот шпанците донесоа одлуки кои го фаворизираа домаќиниот кој знаеше како да ги искористи подароците и во целост да профитира.

Загреб беше тимот кој во текот на целиот меч беше во предност, но “металурзуите“ успеваа најдат сили и резултатски да се вратат во мечот. По првиот период беше 12-10, а на средина на вториот на семафорот стоеше 14-14. По мини серијата и неколкуте контраодлуки за Металруг, домаќините се одлепија на 22-17 предност која успеаа да ја зачуваат до крајот.

Најпрецизен на мечот беа Златко Хорват и Наумче Мојсоски со по седум постигнати гола, Жарко Марковиќ погоди пет за Металург, а Копљар и
Штрлек дадоа по 4 за победничкиот тим. Голманот Станиќ на голот на
македонскиот првак забележа 12 одбрани, додека Шего имаше 11 успешни интервенции.

М.П.