Германската новинска агенција ДПА објави дека Ралф Шумахер следната сезона ќе паузира во Формула1. Помладиот брат на седумкратниот светски првак, Михаел, засега уште не ја потврдил оваа вест. Но, со ваквата информација растат и шпекулациите дека всушност е можно Ралф Шумахер да ја заврши својата кариера.
Минатиот месец Ралф го напушти тимот на Тојота, за кој возеше три години, а не оствари ниту една победа. Во кариерата во 180 трки оствари 6 победи, а 27 пати се искачи на победничкиот пиедестал.
Пред три недели тој го тестираше болидот на Форце Индиа, по што изјави:
„Ова би можело да биде моето последно возење во болид на Формула 1“
Тојота наместо со Ралф Шумахер, потпиша договор со друг германец, 25-годишниот Тим Глок.
Летниот преоден рок во европскиот фудбал влегува во најинтензивната фаза, а неколку звучни трансфери веќе се официјализирани, додека други се на чекор до реализација Најголемо внимание привлекува и...
Фудбалскиот свет се простува од легендарниот италијански дефанзивец Франко Барези, кој почина на 66-годишна возраст Веста ја потврдија неговиот матичен клуб Милан, како и ФИФА, по што следуваа број...
ФИФА се откажа од контроверзниот план за продажба на малцински удел во нова компанија што ќе управува со комерцијалните права на Светското првенство и другите нејзини натпреварувања, по силниот отп...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.