„Крал Лир“-претстава за внатрешното слепило на луѓето
29.07.24 12:02
Актерите од „Lit Moon Theatre“ од Санта Барбара, САД, вчера во рамки на Американската вечер на „Охридско лето“ ја одиграа светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир.
Создадена од уметници од Северна Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана од извонредниот Џон Блондел по импресии од сцената на предворјето на црквата „Света Софија“. Сценографијата и костимите пак, се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Битолскиот народен театар.
Преку играта на актерската екипа се прикажаа живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.
Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило… трагедијата да се биде слеп при очи, рече главниот актер Ирвин Апел кој ја игра улогата на кралот Лир.
Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.
Основан во 1991 година, „Lit Moon Theatre Company“ е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.
Џон Блондел е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд, во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“ за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.
Пријавувањето на специјализанти на повикот од Министерството за здравство со кој се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 20...
Старата зграда на СВР Охрид во центарот на Охрид во иднина треба да се урне и на нејзино место треба да се изгдари подземна катна гаража, изјави денеска при работната посетата на Охрид, министерот ...
Новото крило во ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ се очекува да биде ставено во употреба до Нова година Инвестицијата ќе надмине два милиони евра, a избрана е и ф...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.