Реал Мадрид покрај што го изгуби дуелот со Барселона во Ла лига до крајот на годината го загуби и капитенот Серхио Рамос.
Шпанскиот репрезентативец повеќе од два месеци влечеше повреда на рамото, еднаш паузираше, но ситуацијата се влоши на дербито со Барселона.
Операцијата на десното рамо е неизбежна и Серхио Рамос ќе паузира до Нова година кога започнува втората полусезона во шпанската Ла лига.
Серхио Рамос натпреварите на Реал Мадрид ги играше под инекции кои ги неутрализираат болките на повредениот дел од телото.
Мх.П.











