Актуелниот европски првак, Реал Мадрид многу веројатно без Лука Модриќ во составот ќе се судри со Пари Сент Жермен во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

Хрватскиот репрезентативец поради повреда на бутниот мускул го пропушти мечот со Бетис кој „кралевите“ го добија со 5-3, a судбината за настап во Париз е во рацете на лекарскиот тим.

– Модриќ има проблем кој не е наивен со бутниот мускул. Верувам во него и лекарскиот тим, но мора да бидиме претпазливи и да се подготвуваме со него и без него во составот. – изјави Зинедин Зидан на прашањето околу повредата на Модриќ.

Во првиот меч „лос бланкос“ победија со 3-1, но без Модриќ во составот ќе биде многу тешко да се одбрани предноста.

OhridNews