Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија титулата на Светското клупско првенство победувајќи го Гремио со 1-0 во финалниот натпревар.

„Кралевите“ со победата во финалето над Гремио успеаја да го одбранат трофејот што до сега го немаше никоја екипа направено тоа.

Моментот на одлука во финалниот натпревар се случи во 53-та минута, кога најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо погоди од слободен удар. 

Победата во финалето можеше да биде поубедлива, но во финишот ударите на Роналдо, Бејл, Модриќ и Крос не ја погодија целта.

Во најавата за финалниот натпревар екипата на Пачука се закити со бронзениот медал, откако славеше со 4-1 над Ал Џазира во малото финале.

OhridNews