Десеткратниот Еврпскиот првак, Реал Мадрид го официјализираше договорот со шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез, кој потпиша три годишен договор.
Бенитез на клупата од Реал Мадрид го наследува Карло Анчелоти, кој по завршување на сезоната заработи отказ од управата на „кралскиот“ клуб.
Шпанецот по подолго време се враќа во својата земја. Тој пред замине во Ливерпул повеќе од успешно ја преводеше екипата на Валенсија.
Покрај тимот од Енфилд, Бенитез ги водеше екипите на Челси и италијанските калчолигаши Интер и Наполи.
Навивачите беа против ангажман на Бенитез, но првиот човек на клубот Флорентино Перез им вети три мега трансфери за смирување на страстите.
Мх.П.