Екипата од „Сантијаго Бернабеу“ го комплетираше и официјализираше трансферот на десниот бек Данило од Порто, кој потпиша верност до 2021 година.


Долго се пишуваше за трансферот на Бразилецот, а се одолговлекуваше поради преговорите на Реал Мадрид и Порто кои траеја речиси два месеци.

Португалскиот првак од продажбата на бразилскиот репрезентативец ќе заработи 31,5 милиони евра, а на „кралевите“ ќе им се приклучи следната сезона.

Со доаѓањето на Данило ќе се зголеми конкуренција на десната бековска позиција на која веќе се наоѓаат Дани Карвахал и Алваро Арбеола.

Мх.П.