Ги помина речиси сите категории во Реал Мадрид, а и дебитираше за првата екипа, но во Јувентус, Алваро Мората ја доби вистинска шанса и максимално ја искористи.
Шпанскиот гигант сериозно ја разгледува можноста да го врати во своите редови Мората, кој блескаше во дресот на „старата дама“ сезонава.
Грешката со Мората тимот од Сантијаго Бернабеу скапо ќе го чини бидејќи новопечениот репрезентативец на Шпанија има клаузула од 30 милиони евра во договорот со италијанскиот шампион.
Мората за „бјанко-нерите“ погоди во двата меча со Реал Мадрид во 1/2 финалето, а беше стрелец и во финалниот натпревар со Барселона, кој италијаните го загубија со 3-1.
Ohridnews