Десеткратниот Европски првак, Реал Мадрид по трката за титулата во Шпанија го загуби и носечкото место во групите од Лигата на Шампиони за следната сезона.
По новите правила на УЕФА првиот шешир ќе го пополнуваат екипите кои се шампиони во националните првенства и првакот во Лигата на Шампиони.
Во Шпанија титулата му припадна на Барселона и таа заедно со Баерн Минхен, Челси, Бенфика, ПСЖ, Јувентус, Зенит и ПСВ Ајндховен ќе бидат носетили во ждребката на 27 август во Монако.
Холандскиот првак ПСВ е носител во групите поради тоа што Барселона и Јувентус играат во финалето од ЛШ, а се и шампиони во своите земји.
Со новите правила УЕФА уште во групната фаза ќе ги однесе на мегдан големите клубови кои до сега имаа голем кредибилитет во Лигата на Шампиони.
Мх.П.