Лидерот на табелата во Шпанија, Реал Мадрид пред своите гледачи со 4-1 го совлада Реал Сосиедад во 21-то коло од Примера.


На овој меч „кралевите“ играат без најдобриот фудбалер Кристијано Роналодо, кој ја издржува суспензијата од двата натпревари.

Гостите уште во 2-та минута поведоа, но тоа само ги разбуди „лос бланкос“ кои до крајот на полувремето постигнаа два погодоци, а во вториот дел со нови два ја запечатија победа 17-та вкупно сезонава.

Мх.П.