Победничката серија фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија во Копа дл Реј совладувајќи го тимот на Корнелја со 4-1.
Два од четирите погодоци постигна дефанзивецот Рафаел Варан, по еден реализираа Чичарито и Марсело, а почесниот погодок за домаќините беше дело на Оскар Муњоз.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти на гостувањето во Корнелја настапи со комбиниран состав, кој лесно се справи со противникот.
Мх.П.