Фудбалерите на Реал Мадрид ќе се борат за трофејот на Светското клупско првенство во Јапонија, откако успешно го минаа тимот на Клуб Америка (2-0) во 1/2 финалето.


Последните минути од првиот и вториот дел беа одлучувачки за победникот, бидејќи тогаш „кралевите“ преку Карим Бензема и Кристијано Роналдо ги постигнаа головите за триумф вреден пласман финале.



Во финалето на 18 декември (недела) со почеток во 11 и 30 часот по локално време Европскиот шампион ќе се сретне со Кашима која во останатот полуфинале го совлада составот на Атлетико Национал.

OhridNews