Екипата на Реал Мадрид запиша нови бодови на табелата во Ла Лига, откако на Сантијаго Бернабеу го совлада Реал Сосиедад со 2-0.
„Кралевите“ со триумфот над Реал Сосиедад ја зголемија бодовната предноста од конкурентите кои немаа добри резултати викендов.
Хрватот Матео Ковачиќ го начна гостинскиот состав во првиот дел, а Кристијано Роналдо и Алваро Мората со голови во второто полувреме ставија точка на победата.
Резултати: Бетис – Барселона 1-1, Еспањол – Севиља 3-1, Атлетик Билбао – Спортинг Хихон 2-1, Реал Мадрид – Реал Сосиедад 2-0.
Табела: Реал Мадрид 46 (-1), Барселона 42, Севиља 42, Атлетико Мадрид 36…
OhridNews