Авторите на најголемата трансфер бламажа во модерниот фудбал Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одново ќе започнат преговори за Давид де Геа.
Чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“ беше пред враќање во Шпанија, но „кралевите“ закаснаа со документите кои требаше да го официјализираат трансферот.
И покрај пропаѓањето на трансферот клубот од Сантијаго Бернабеу не се откажува и после Европското првенство ќе се впушти во нови преговори со Манчестер Јунајтед.
Во меѓувреме Де Геа потпиша нов четиригодишен договор со „ѓаволите“, но со откупна клаузула од 55 милиони евра што „кралевите“ без двоумење ќе ја платат.
Ohridnews











