Актуелниот европски првак Реал Мадрид со 4-0 ја совлада Гранада на гостински терен во десеттата рунда од шпанската Примера.
Голеадата кон голот на домаќините ја отвори Кристијано Роналдо, а ја продолжија Карим Бензема и Џејмс Родригез, кој два пати ја погоди мрежата на Гранада.
Со триумфот над Гранада фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до седмата победа во низа.
Резултати : Гранада – Реал Мадрид 0-4, Атлетико Мадрид – Кордоба, Барселона – Селта Виго, Реал Сосиедад – Малага.
Мх.П.