Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе биде главна трансфер мета на Реал Мадрид во летниот преоден рок.


За услугите на аргентинскиот репрезентативец „кралевите“ ќе исплатат неверојатни 95 милиони евра, што ќе преставува втор најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Како што пренесуваат англиските медиуми „граѓаните“ не сакаат да се откажат од најдобриот играч во екипата, но високата понуда ќе ги разубеди луѓето од „Етихад“.

Средствата од трансферот на Агуеро, Манчестер Сити ќе ги искористи за доведување на нови фудбалери.

Мх.П.