Екипата на Севиља пред своите гледачи со 3-2 го совлада Реал Мадрид во последниот натпревар од 11-та рунда во шпанската Ла Лига.
Натпреварот започна многу добро за гостите кои преку Серхио Рамос го отворија резултатот. Но, „кралевите“ имаа се во свои раце до 35-та минута кога Чиро Имобиле ги изедначи бројките на семафорот.
Домаќините бодрени од публиката на „Рамон Санчез Пижуан“ во вториот буквално го растурија противникот од Мадрид.
Во 61-та минута Евер Бенега донесе водство за домаќините, а во 74-та Фернандо Љоренте ја дуплираше предноста.
Повратникот во екипата на „кралевите“, Џејмс Родригез во финишот од мечот го ублажи поразот.
Резултати : Барселона – Виљареал 3-0, Атлетико Мадрид – Спортинг Хихон 1-0, Севиља – Реал Мадрид 3-2, Атлетик Билбао – Еспањол 2-1.
Табела : Барселона 27, Реал Мадрид 24, Атлетико Мадрид 23, Селта Виго 21…
Ohridnews











