Бесот за трите рунди без победа фудбалерите на Реал Мадрид го истурија на Депортиво ла Коруња совладувајќи ја со 7-1 во 20-та рунда шпанската Примера дивизион.
Почетокот на мечот на наговестуваше таков расплет, бидејќи до предност дојде гостинскиот состав со голот на Адријан Лопез. Резултатот го изедначи Начо Фернандез, а комплетен пресврт до крајот на првиот дел донесе Герет Бејл. Велшанецот во второто полувреме зголеми на 3-1, а за 4-1 погоди Лука Модриќ. Со двата голови на Роналдо домаќините стигнаа до шест, а седмиот беше дело на Начо.
„Кралевите“ се искачија на четвртата позиција на табелата со меч помалку третопласираната Валенсија која има пет бодови предност.
OhridNews