„Кралевите“ осамнаа на врвот во шпанската Ла Лига совладувајќи го составот на Селта Виго (3-1) во дерби пресметката во деветтата рунда.
Со двата брзи погодоци на Роналдо и Данило во првиот дел гостите од Мадрид стигнаа до капитална предност од 2-0.
Домаќините се вратија во игра со голот на Нолито во 85-та минута, но дилемите ги разреши Марсело во 90-та минута со третиот погодок за екипата.
Реал Мадрид сигурно ќе биде осамен на врвот до натпреварот на Барселона против Еибар на Ноу Камп в недела во 19 и 15 часот.
Ohridnews











