Поради повредата на рамото капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос нема да биде во комбинација за „Ел класико“ кое ќе се одигра следниот викенд на „Сантијаго Бернабеу“.


Капитенот и сите фудбалери во Реал Мадрид се сомневаат во квалитетите на докторот Хесус Олма кој по доаѓањето на Рафа Бенитез е назначен за главен доктор во клубот.

– Ова е најдобро време да разговараме на таа тема, но постои простор за разговор. Ќе ја одиграме сезонава, а потоа ќе со сите факти ќе седниме заедно на маса. – рекол кратко капитенот за шпанските медиуми.

На мечот со Севиља кој „кралевите“ го загубија 3-2 се вратија Герет Бејл и Џејмс Родригез, но отсустваа Марсело и Карим Бензема.

Мх.П.