Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе добие сериозна конкуренција во борбата за потписот на Жадон Санчо, откако во трката за фудбалерот на Борусија Дортмунд се приклучи, Реал Мадрид.

„Кралевите“ спротивно најавите дека нема да трошат пари и нема да купуваат скапи фудбалери ќе се обидат со добра плата да го убедат англискиот репрезентативец за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Милионерите“ со оглед на големиот интерес за Санчо се очекуваат добро да профитираат и офанзивниот фудбалер да го продадат за најмалку 80 милиони евра.

Санчо вниманието на јавноста го сврте со одличните настапи во Бундес лигата и Лигата на Шампиони. Англискиот репрезентативец зад своето има запиша двоцифрен број на погодоци и асистенции, како ретко кој фудбалер во модерниот фудбал.

OhridNews