Кралскиот клуб со убедливата победа Еспањол (6-0) порача дека нема намера лесно да се откаже од трката за титулата во Ла лига.


„Белите“ на домашен терен со четири погодоци во првиот дел ги разрешија дилемите околу победникот. Високиот триумф фудбалерите на Реал Мадрид го комплетираа со нови два голови во вториот дел. Три голови постигна Кристијано Роналдо, а по еднаш мрежата ја погодија Карим Бензема и Џејмс Родригез, а Оскар Дауте кој си постигна авто гол.


Разликата меѓу Реал мадрид и лидерот на табелата, Барселона е четири бодови, а каталонците имаат и меч помалку.

Резултати: Севиља – Леванте 3-1, Валенсија – Спортинг Хихон 0-1, Лас Палмас – Селта Виго 2-1, Реал Мадрид – Еспањол 6-0.

Табела: Барселона 51 (-1), Атлетико Мадрид 48, Реал Мадрид 47, Виљареал 44..

Мх.П.