Лидерот на табелата во Ла Лига, Реал Мадрид скапо ја плати победата над Севилја 2-1 во заостанатиот натпревар од минатата година.


Во првиот дел стрелецот на еден погодок Џејмс Родригез и Серхио Рамос принудно ја напуштија играта поради повреди.

Се уште не се знае тежината на повредите, но првичните прогнози не се баш најдобри за „кралевите“ кои в сабота ќе се сретнат со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Големо олеснување за италијанскиот стратег Карло Анчелоти е тоа што токму на тој натпревар ќе се врати Кристијан Роналдо, кој ја одлежа суспензијата од два меча.

Мх.П.