Европскиот првак Реал Мадрид со убедливи 5-0 го совлада составот на Леванте и запиша нов триумф во „Ла лига“.
Очекувано португалскиот ас Роналдо постигна два погодоци, а по еден реализираа Чичарито, Џејмс Родригез и шпанскиот репрезентативец Иско.
Со оваа победа „кралевите“ го најавија дербито со Барселона кое на програмата е следниот викенд.
Резултати : Леванте – Реал Мадрид 0-5, Атлетик Билбао – Селта, Барселона – Еибар, Кордоба – Малага.
Мх.П.