Европскиот првак Реал Мадрид со 4-0 го совлада Круз Азул во полуфиналето и обезбеди пласман во финалето од клупскиот Мундијал.


Победникот на овој натпревар не беше доведен под знак прашалник бидејќи разликата во квалитет беше очигледна.

„Кралевите“ постигнаа по два погодоци во двете полувремиња, а фудбалерите на Круз Азул не реализираа удар од белата точка во финишот од првиот дел. Голеадата ја почна Серхио Рамос, ја продолжи Бензема, а потоа погодија уште Бејл и Иско.


Во финалето протиник на Реал Мадрид ќе му биде победникот од полуфиналниот дуел меѓу Сан Лоренцо – Оукленд Сити.

Мх.П.