Италијанскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе тактизира со составот за дуелот со Еибар во 31-та рунда во шпанската Примера.


Анчелоти ќе го изостави Герет Бејл, а откако е поништен жолтиот картон на Кристијано Роналдо од дуелот со Рајо Ваљекано тој ќе биде дел од тимот.

Во првите 11 се очекува да биде и Лука Модриќ, кој се пожали на повреда во финишот од мечот со Ваљекано.

„Кралевите“ на средината од следната недела ги очекува првата четвртфинална пресметка со Атлетико Мадрид во Лигата на Шампиони.

Мх.П.