Фудбалерите на Реал Мадрид се искачија на првото место од табелата во шпанската Ла лига со победата на гостински терен против Реал Сосиедад 2-1 (0-0). „Кралевите“ водството за победа го осигураа со головите на Серхио Рамос односно Карим Бензема. Домаќините во финишот постигнаа погодок но само да го ублажат поразот.

Реал Мадрид и Барселона имаат ист број на бодови, но „лос бланкос“ поради подобриот меѓусебен скор ќе бидат во пол позиција во последните осум рунди од шпанскиот шампионат.

OhridNews