Новата 2019 година не започна најдобро за фудбалерите на Реал Мадрид. „Кралевите“ во првиот меч ремизираа со Виљареал (2-2), а во вториот претрпеа пораз од Реал Сосиедад на домашен терен (2-0) во рамките од 18-та рунда од шпанската Ла Лига.

Неповолен развој за домаќините на Сантијаго Бернбанеу наговести Вилијан Хозе во третата минута, откако прецизно биеше од белата точка. „Лос бланкос“ нападнаа, но немаа одговор за организираната игра на противникот во одбрана. Во 62-та минута домашните фудбалери остана со десет во поле. Мечот поради два жолти картони го заврши Лукас Васкез. Сите дилеми околу победникот ги реши Рубен Пардо кој со погодок ја заокружи одличната контра на Реал Сосиедад.

Со трите бодови од Сантијаго Бернабеу екипата на Реал Сосиедад се искачи четири позиции, додека потенцијалната разлика помеѓу лидерот на табелата Барселона и Реал Мадрид може да биде десет бодови. Каталонците мечот од 18-та рунда го играат вечерва против Гетафе.

OhridNews