Шпанскиот гигант Реал Мадрид се впушта во жестока битка со францускиот шампион Пари Сент Жермен за услугите на репрезентативецот на Франција, Н`голо Канте.
Како што пренесува шпанскиот весник Марка, „кралевите“ веднаш се подготвотени да ја платата клаузулата од 25 милиони евра која стои во договорот на Канте со шампионот во Премиер лигата, Лестер.
Но, фудбалерот за врска е голема желба и на ПСЖ кој прв покажаа интерес за откритието на сезоната во Премиер лигата.
Во името на Канте тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан гледа долгорочно решение за позицијата играч за врска затоа и се наоѓа на врвот од листата на трансфер желби.
Цената на Канте дополително ќе порасни по завршувањето на Европското првенство поради добрите и пред се константните игри во дресот на Франција.
OhridNews