Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го прослави 39. роденден и, по тој повод, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од принцезата на Инстаграм.

На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден, се вели во објавата на кралицата.

Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг – принцот Вилијам, исто така сподели фотографија.

Ви благодариме за Вашите најљубезни желби за роденденот на војвотката. Родендените беа многу поинакви последниве месеци, а нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои се на првите борбени линии во ова значајно, предизвикувачко време, се вели во нивната објава.