Најбрзиот човек во светот Усеин Болт ќе учествува на Олимписките игри во Рио годинава откако Атлетската федерација на Јамајка го вклучи меѓу спортситите учесници.
Настапот на светскиот рекордер во 100 и 200 метри во Рио беше загрозен поради повредата која ја доби во националните квалификации за Олимписките игри.
Челниците на Атлетската федерација на Јамајка направија исклучок за Болт кој се повреди на полуфиналната трка на 100 метри и го пропушти финалето и го пријавија за учество во Рио.
Болт уредно целиот докторски извештај го предал до Атлетската федерација која го „помилува“ најбрзиот човек на светот кој ќе ги брани титулите на Олимпијадата која ќе се одржи од 5 до 21 август.
OhridNews