Реал Мадрид направи голем чекор напред кон освојувањето на титулата во Супер купот на Шпанија, откако во првиот меч на Ноу Камп со 3-1 ја совлада Барселона.
Мрежите во првиот дел мируваа, а „кралевите“ голгетерски распукаа во второто полувреме во кое постигнаа три погодоци и примија само еден.
За „лос бланкос“ прецизни беа Пике кој сам си ја затреси мрежата, Роналдо и Марко Асенсио, додека почесниот гол за Барселона дело беше на Меси.
Реваншот во Супер купот се игра на Сантија Бернабеу на 16 август.
OhridNews