Динамо Загреб обезбеди поволен резултат во Скопје пред реваншот на „Максимир“ победувајќи го Вардар со 2-1 во првиот меч од двомечот во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
Крајниот резултат ќе беше сосема различен ако неколкуте удари на „црвено црните“ завршеа во мрежата место во стативата и гредата.
– Со помош на среќата ја остваривме целта по која дојдовме во Скопје. Двете екипи одигравме супер меч одличен за гледање. Во првиот ние доминиравме и постигнавме два погодоци, а и Вардар покрај голот во второто полувреме имаше свои шанси. Верувавме во нашиот квалитет, но ќе треба пак да го потврдиме пред нашите гледачи следната недела. – рече стратегот на Динамо, Златко Крањчар.
За искусниот хрватски тренер ова беше официјални деби на клупата од Динамо откако ја презеде дирегентската палка од Зоран Мамиќ.
OhridNews