Краткотрајно невреме со интензивни врнежи од дожд, град на места, и електрични празнења, вечерва го зафати Охридскиот регион. За кусо време наврна поголема количина воден талог, која во градот не предизвика посеризни проблеми.
Сепак, загрижува тоа што силниот дожд и врнежите од град дојдоа во екот на бербата на цреши во охридско, која ионака е намалена поради штетите што времето претходно ги предизвика кај оваа овошка.
Слично време метеоролозите најавуваат и за сабота.
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 31 степен.
OhridNews