Краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“, кој неодамна ја имаше својата премиера во Охрид, од денес е јавно достапен на YouTube платформата, со цел приказната да стане подостапна за пошироката јавност.

Филмот ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар, долгогодишен крводарител со над 200 дарувања крв, и претставува интимен портрет на тивкото херојство, достоинството и хуманоста што постојат во нашата заедница.

Со јавното објавување, целта е приказната побрзо и пошироко да се прошири и да поттикне разговор за хуманоста, солидарноста и вредностите што често остануваат незабележани, вели авторот на филмот, Јован Цветкоски.

OhridNews