Во периодот од 20 до 23- ти јули, на ул.„Пролетерски бригади“бб, во Центарот за стручно оспособување, непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел 200 кгр. месингани цевки, еден рачен пиштол бурмашина „Искра“, 12 мотори од швајц апарати и 6 комплети со разни патент клучеви, со што причинил материјална штета од околу 200.000 денари. Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот ја тргнал дрвената греда од прозорот на магацинот, влегол внатре и ги одзел горенаведените предмети и го напуштил лице местото.
На 24- ти јули, околу 02,00 часот во Струга, на ул.„Нико Нестор“ бб, во двор од семејна куќа влегле околу 15-тина лица од кои некои биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли, кои физички го нападнале сопственикот. Во дворот исто така биле присутни и двајца туристи од Косово, кои исто така биле физички нападнати од лицата, кои потоа избегале во непознат правец.
Причина за насилството најверојатно е предходна (семејна) расправија. Поради здобиените повреди тројца од нападнатите се пренесени во струшката Општа болница.
На лице место од страна на УПС е пронајдена една рамка од пиштол, еден куршум и еден скршен пендрек (телескоп).
Полициската станица- Струга превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на двата настани.