Во текот на изминатите два дена во црквата „Св. Димитрија“ на ул. „ Климентов Универзитет“, непознат сторител извршил тешка кражба и одзел 1.500 денари.
Сторителот прво со погоден алат или предмет ја скршил и направил отвор на влезната врата низ која влегол внатре, ги одзел парите кои биле во разни апоени и го напуштил лице местото.
Извршен е увид, се превземаат мерки за пронаѓање на сторителот.











