Речиси и да не измине недела дена, а во билтените на министерството за внатрешни работи да не се информира за извршена кражба во црквите низ Македонија.
Овој пат на мета на крадците беа црквите „Св. Никола“ во демирхисарското село Сопотница каде непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 5.500 денари и сребрен крст и црквата „Св. Никола“ во кичевското село Прострање, од каде се украдени три ненумерирани икони и неколку железни монети.
Неодамна два сребрени крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари беа украдени од црквата „Св. Петар и Павле“ во село Тресонче, во околината на Дебар, а при кражба во црквата „Свети Атанас“ во ресенското село Долно Перово, беа одземени пет икони и пари.
Во изминатите три години од црквите во струшко беа украдени 70 икони. Вредни предмети исчезнаа и од дел од црквите во Охрид и охридско.
Според информациите од Управата за заштита на културното наследство од земјава досега се однесени преку 20.000 вредни икони, артефакти и други исклучително значајни сакрални предмети.
Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, сЛескоец и сЛакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод с...
Прекин во водоснабдувањето денес во Мешеиште поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок и поправка на дефект на водоводната мрежа Како што информираат од Општина Дебрца прекинот ќе биде...
На 15122025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље лишија од слоб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.