Во текот на вчерашниот ден, во ОУ „Григор Прличев“ се оддржа изложба, на која беа презентирани рачните изработки на учениците, под менторство на наставниците од оваа основнообразовна институција.
Преку прекрасните есенски плодови, лисја, суви цветови и гранчина, учениците го доловија ова годишно време, истовремено презентирајќи ја својата креативност.
Инаку, изложбата има за цел да ја поттикне љубовта на учениците кон природата.
OhridNews