Во рамки на проектот „Climate Action Project“ и како завршна активност по повод Climate Action Day во ООУ „Кочо Рацин“ се реализираше проектната активност трансформација на гуми: креативни изрази.
Нашите ученици го имаа возбудливиот предизвик и ги трансформираа старите гуми во интересни и привлечни ликови, но вметнаа и креации од пластични шишиња: пчела, буба мара, патка, лебед, па дури и омилениот мињон. Учениците не само што ги оживуваа гумите, туку и учеа за важноста на рециклирањето и пренамена на материјали. Се засадија цвеќиња и нашиот двор доби нов весел изглед, информираат од училиштето.
Потенцираат дека преку конкретните активности младите учат за постигнување трансформативни промени и справување со климатската криза.
OhridNews