Интерактивните електронски табли, со кои македонското образование ќе се доближи до европското, веќе се поставени низ 66 училиштата во земјава. Донацијата од телеком, вредна 165 илјади евра, ќе ги принуди новите генерации да ги заборават кредите и сунѓерите за бришење.

Според најавите на Министерството за образование и наука, во иднина зелената табла ќе биде заменета со нова компјутерска, која ќе биде осетлива на допир. За сега, оваа новост ќе можат да ја користат професорите по математика и македонски јазик, а до сега само 130 наставници ја поминале обуката.

Инаку, оваа акција е дел од проектот „Компјутер за секој ученик“, за која од буџетот беа издвоени над 50 милиони денари.

OhridNews