Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на јавната обвинителка Фатиме Фетаи, информира Специјалното јавно обвинителство – СЈО.

– Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да се наштети на угледот на обвинителката и на самото СЈО – соопшти Специјалното јавно обвинителство.

OhridNews