Прославениот аргентински фудбалер Ернан Креспо во тимот на Модена кој се натпреварува во Серија Б ќе започне тренерска кариера.


Креспо минатата сезона го водеше младинскиот тим на Парма, но оваа ќе дебитира во Модена со потпишување на професионален договор.

Модена следната сезона ќе конкурира за влез во Серија А, а тоа се совпаѓа со ангажманот на Креспо.

Аргентинецот имаше блескава фудбалска кариера настапувајќи за Ривер Плата, Лацио, Интер, Челси, Милан, Џенова и Парма.

Ohridnews