На Духовден во храмот „Свети Пророк Илија“ во Елшани се одржа една од највпечатливите и најмасовни манифестации на православната традиција — „Кревање Крсти“.

Стотици верници, млади и стари, се собраа во црковниот трем каде што со молитва и духовен занес избраа икона преку традиционално лицитирање.

Парохирскиот свештеник, Отец Атанас Казанџиски ја освети водата во специјално наменет сад /накитен со ореови гранчиња, по што започна да се движи свечената поворка низ селските улици. Верниците, носејќи ги своите икони, со молитвена песна „Да дајт Господ ситна роса – Господи помилуј“. Распеаните верници се упатија кон селскиот извор – симбол на духовна и животна чистота. Таму, симболично ги измија иконите наквасувајќи ги со ореовите гранчиња.

На почетокот и крајот од манифестацијата, учесниците сите со икони во рацете направија заедничка фотографија пред црквата и во прекрасниот црковен парк, доловувајќи го заедништвото и непоколебливата посветеност кон верата.

Овој настан, кој се одржува со генерации наназад, уште еднаш ја покажа силната врска на елшанци со православната традиција и нивната желба да го пренесат духовното наследство на идните поколенија.

Автор/фото: Дим Дон