Јапонската компанија „Шинкосангјо“ исфрлила на пазарот кревет отпорен на земјотреси, кој може да издржи 65 тони рушевини. По проектирањето на училишна клупа отпорна на земјотреси, се објавил и креветот “Wood Luck”, кој на корисниците им овозможува да се заштитат во случај на земјотрес.

Креветот е направен со користење на дрво од чемпрес со старост на стеблата од 30 до 40 години и поседува натстрешница. Креветот е достапен во повеќе големини, а се продава со почетна цена од 5600 долари.