Главниот град во Русија, Москва плаче од радост и тага по последното 30 коло во националниот шампионат. ЦСКА ја освои титулата додека Динамо испадна од елитата прв пат во историјата на клубот.
„Армејците“ на гостувањето кај Рубин Казан ја забележаа потребната победа (1-0) со која и математички станаа шампиони во Русија.
На другата половина од градот немаат причина за радост откако Динамо на домашен терен претрпе пораз од Зенит 3-0 и ја прокоцка и последната шанса за опстанок.
ЦСКА Москва и Ростов ќе играат во Лигата на Шампионите, Зенит, Краснодар и Спартак Москва во Лигата на Европа додека од руската лига испаѓаат Мордовја и Динамо, а бараж ќе играат Кубан Краснодар и Анжи.
Резултати: Динамо Москва – Зенит 0-3, Краснодар – Амкар 1-0, УФА – Спартак Москва, Крилја Советов – Анжи 0-0, Локомотив Москва – Мордовја 3-0, Рубин Казан – ЦСКА Москва 0-1, Терек Грозни – Ростов 0-2, Урал – Кубан Краснодар 2-0.
OhridNews