Парламентот на Крим утрово едногласно ја донесе „принципиелната“ одлука за припојување кон Русија, јавија руските медиуми. Пратениците решиле референдумот на прашањето дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи на 16-март, иако претходно беше одлучено да се одржи на 30 март.
Новите власти во Киев не го признаваат раководството на Крим кое на власт дојде по настаните на Мајдан и за нив е издадена потерница.
Претходно, утрово, премиерот на Крим, Сергеј Аксионов, изјави дека кримските сили ги контролираат сите стратегиски точки на полуостровот и дека под контрола се сите поранешни воени бази на украинската армија.
OhridNews
Како да заработите пари? – Форекс Берзата рај за инвеститорите