Во финалето на Комјунити шилд купот што се игра пред стартот на Премиер лигата, се сретнаа актуелниот првак Ливерпул и освојувачот на ФА купот Кристал Палас. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2, а по изведувањето пенали славеше Кристал Палас со 3:2.

Реновираниот Ливерпул рано дојде во водство уште во 4-та минута преку Екитике на асистенција на Вирц, а тринаесет минути подоцна израмни Матета од пенал кој го направи Ван Дајк. Фримпонг со маестрален гол во 21 минута ја врати предноста на Ливерпул која црвените од Енфилд ја држеа се до 77 минута кога грешката на Гакпо одлична топка доби Сар и го израмни резултатот.

Во пенал серијата непрецизни кај Ливерпул беа Салах, Мекалистер и Елиот, а погодија Гакпо и Собослај. На спротивната страна промашија Езе и Соса, а Матета, Сар и Девени беа сигурни за прв трофеј во ова натпреварување на Кристал Палас.

Комјунити шилд купот е увертира во новата сезона на Премиер лигата која стартува во петок кога шампионот Ливерпул на Енфилд ја пречекува екипата на Бормут.

Г.М.